ЕСМ Снабдување со топлина со апел до потрошувачите за навремена подготовка за непречена испорака на топлинска енергија
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска преку соопштение апелираше до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
- Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, во моментов има 170 затворени објекти, од кои 27 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 43 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 100 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот, наведуваат во соопштението.
Потенцираат дека соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни со цел да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.
За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.
ЕСМ
Ново на Сител
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице
-
АМСМ: Намалена видливост до 30 и 50 метри кај Неготино и Демир Капија
-
Германска министерка се изјасни за забрана на огномети во Германија
-
Прогласена воздушна тревога во Одеса поради закана од ракетен напад