„Ескорт“ девојки и момчиња нов хит на Инстаграм

Девојките и момчињата, кои работат како „придружници“, станаа нов хит на Инстраграм, откако почнаа да објавуваат фотографии на кои го прикажуваат богатството што го стекнале со својата „работа“.

Како што објави лондонски „Дејли Мејл“, овие девојки и момчиња се фалат со фотографии од викенди и одмори на егзоточни локации, а не се срамат ниту да ги прикажуваат подароците што ги одбиваат од своите клиенети.

Покрај високите суми за своите услуги, овие девојки, од некои себе си е опишуваат како „модерни куртизани за релаксација и дискретни дружби“, често добиваат и луксузни подароци.

Ебигејл Харт од Лондон на Инстаграм се пофали со купче банкноти од по 50 долари, наведувајќи дека станува збор за бонус. Ева Родргиез од Париз, пак, под фотографијата од скапоцени подароци напиша: „Ништо подобро од широкоград маж“.

Но, со своите заработки и зигелд на се фалат само девојките. На Инстаграм се почесто се среќаваат и фотографии на „ескорт“ мажи.

Така Италијанецот со корисничко име Игорџиголо под својата фотографија се пофали дека е „елитен хетеросексуален машки придружник за жени“.

Ново на Сител
-

Мерц во Даблин побара кратење на стотици милијарди евра од буџетот на ЕУ
-

Пожар во велешката месност Дорутовец, активирани два авиона „ер трактор“
-

Пожар на грчкиот остров Парос - пораки за евакуација на пет села
-

Нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“: МВР апелира граѓаните да не споделуваат податоци
-

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
