Ескобар: Курти има рок два дена да ги исполни барањата на САД и ЕУ, во спротивно ќе има последици
Заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, кој заедно со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак вчера и денеска престојуваше во Приштина, му даде на косовскиот премиер Албин Курти рок од два дена да ги исполни барањата на САД и ЕУ за смирување на состојбата во северно Косово, каде што повеќе од десет дена продолжуваат протестите на локалните Срби.
Обраќајќи им се на новинарите на крајот од посетата на Приштина, Ескобар рече дека Курти треба да одговори на барањата што ми ги пренесоа тој и Лајчак, затоа што в петок, 9 јуни, тие двајца треба да поднесат извештај пред нивните претпоставени за успехот на нивната последна посредничка мисија.
-Сакам јасно да дадам на знаење дека ние ова не го гледаме како нешто што ќе има последици по нашите долгорочни односи, но нашите дејствија, кои ќе ги преземеме или нема да ги преземеме, ќе влијаат на дел од нашите односи. Не би зборувал повеќе за тоа – рече Ескобар.
Тој ги повтори барањата што заедно со посредникот на ЕУ, Лајчак, му ги изнел на Курти на синоќешната средба, додавајќи дека истото ќе го сторат и на средбите во Белград, каде што заминуваат по посетата на Приштина.
-Прво е деескалацијата, второ сакаме да видиме нови избори (во општините во северно Косово) со учество на Србите и трето – треба веднаш да се оствари напредок во спроведувањето на договорот од Охрид (меѓу Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ). Тоа подразбира дека треба да видиме реални напори на Косово во залагањето за Заедницата (на српски општини), а исто така дека треба да видиме чекори и од страна на Србија, изјави Ескобар.
Ново на Сител
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25
-
Мицкоски и Тошковски присуствува на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје
-
За една година уништени 300 тони небезбедна храна
-
Презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ на бригадата за ПЗ Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт