Ештон Картер во посета на Ирак
Американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер денеска во Багдад се сретна со ирачките лидери и американските команданти, при што тема на разговорите беа новите начини за борба против Исламска држава.
Картер на средбата со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади истакна дека САД сака да му помогнат на Ирак за повторно освојување на градот Рамади, а потоа и на Мосул.
- Сакам да потенцирам пред вас дека почитувањето на територијалниот суверенитет на Ирак е принцип, што САД силно го поддржуваат во секој контекст, истакна Картер.
Абади посочи дека ирачките сили постигнуваат напредок во борбата против ИД.
Потпаролот на американската армија во Ирак полколник Стив Ворен изјави дека хеликоптерите Апачи нема да дејстувваат се додека Абади не го побара тоа.
Ново на Сител
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори
-
ССМ на протест за 1 Мај