Македонија
8. October 2019 - 12:24

Есенско чистење на улиците во Аеродром

Есенско чистење на улиците од отпад, кастрење на гранките на дрвјата и миење на улиците на повеќе локации спроведоа деновиве комуналните служби на Општина Аеродром.

Како што информираат од Општината, со есенско чистење биле опфатени улицата „Ѓорги Капчев“, сервисните улици во Стар Аеродром, Реонски центар и Мичурин.

– Оваа динамика ќе продолжи и понатаму, а на располагање е целата механизација за чистење. Наша одговорност е да се грижиме за хигиената на сите површини на територијата на Општина Аеродром и да придонесеме за почиста животна средина, наведуваат од Општината.