Есенско чистење на коритото на река Драгор во Битола

Јавното претпријатие „Нискоградба“-Битола врши редовно, есенско чистење на коритото на реката Драгор, долж централното градско подрачје.
Локалните власти информираат дека во тек е чистењето на речното корито под Железничкиот мост, на излезот од урбаниот дел на градот.
– Во првата фаза ја отстранувавме бујната вегетација на неколку делови од коритото каде летоска имаше помал водотек. За жал, на многу места се чистеше отпад кој го фрлаат несовесни граѓани и кои не ги почитуваат нашите чести препораки за заедничка грижа околу чистотата на речното корито. Вчера и денеска наша екипа чисти под Железнички Мост каде всушност завршува ѕидното корито, а потоа реката продолжува низ природно корито се до нејзиното влевање до реката Црна. Со оваа редовна есенска активност ја намалуваме можноста за поплави во случај на пообилен дожд, информираат од ЈП „Нискоградба“-Битола.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ во рамки на програмските активности деновиве ги чистат шахтите од атмосферската канализација кои прифаќаат дождовни води низ улиците на градот, а ги привршуваат и инфраструктурните проекти предвидени за овој дел од градежната сезона.
Ново на Сител
-

Општина Дебар успешно ја реализираше првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата
-

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан
-

Лишени од слобода две лица од скопско, при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
-

СВР-Струмица поднесе кривични пријави против три лица за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“
-

Истрага за сексуална злоупотреба на 12-годишно девојче во Битола
-

Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
-

По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
-

Силен земјотрес во Егејското Море
