-->
-->
Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала го затвори главниот аеродром
-->
Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала вчера предизвика неколкучасовно затворање на главниот аеродром во земјата, соопштија локалните власти.
Фуего (Огнен) е висок 3.763 метри и се наоѓа на 35 километри од главниот град на Гватемала. Ерупцијата почна во саботата навечер.
Меѓународниот аеродром во главниот град беше затворен во текот на утрото, соопшти Генералниот директорат за цивилно воздухопловство, додавајќи дека имало пепел во близина на пистата.
По тричасовниот прекин, аеродромот продолжи со работа бидејќи ветрот ја однел пепелта.
Во ерупцијата на овој вулкан во 2018 година загинаа 190 луѓе, а повеќе од 230 исчезнаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани