Свет
12. September 2016 - 17:18

Ернст Рајхел: Нема услови за укинување на санкциите кон Русија

Германскиот амбасадор во Украина, Ернст Рајхел ја отфрли можноста од скоро укинување на сакцниите кон Русија воведени по укрианискиот конфликт.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Рајхел, кој е поранешен специјален пратеник на германското Министерство за надворешни работи за Македонија и Турција, вели дека мнозинството германски политички сили не гледаат простор за укинување на санкциите кон Русија.

- Беше постигнат широк консензус на политичко ниво со исклучок на левите партии, вклучително и наслединиците на екс-комунистичката партија на Источна Германија. Во моментов нема услови за укинување на санкциите, изјави Рајхел.

Според Рајхел, постојат различни мислења за продолжувањето на санкциите меѓу германските економски асоцијации и индивидуални стопанственици.