-->
-->
Ердоган за првпат во официјална посета на Судан
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари средба со суданскиот претседател Омар ал Бешир, каде се наоша во дводневна работна посета.Ердоган, кој по првпат се наоѓа во официјална посета на Судан, во рамки на регионалната турнеја утре ќе отпатува и во Чад и Тунис.
- Потпишавме 12 договори за соработка во областа на земјоделството, економијата и војската, како и договор за формирање Совет за стратешка соработка, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Ал Бешир.
Односот со Судан, Ердоган го оквалификува како стратешки и дополни дека двете држави планираат да ја зголемата трговската размена од сегашните 500 милиони на една милијарда годишно.
- Тоа е историска посета, истакна суданскиот претседател и истакна дека тоа е прва посета на еден турски претседател на Судан.
Против Бешир е издадена меѓународна потерница и налог за апсење, откако Кривичниот суд во 2009 година го обвини за геноцид, воени и злосторства против човештвото во граѓанската војна во Дарфур, на западот на Судан, каде од 2003 година настрадаа 330.000 луѓе
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
