Свет
25. December 2017 - 8:45

Ердоган за првпат во официјална посета на Судан

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оствари средба со суданскиот претседател Омар ал Бешир, каде се наоша во дводневна работна посета.
 
Ердоган, кој по првпат се наоѓа во официјална посета на Судан, во рамки на регионалната турнеја утре ќе отпатува и во Чад и Тунис.
 
- Потпишавме 12 договори за соработка во областа на земјоделството, економијата и војската, како и договор за формирање Совет за стратешка соработка, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со Ал Бешир.
 
Односот со Судан, Ердоган го оквалификува како стратешки и дополни дека двете држави планираат да ја зголемата трговската размена од сегашните 500 милиони на една милијарда годишно.
 
- Тоа е историска посета, истакна суданскиот претседател и истакна дека тоа е прва посета на еден турски претседател на Судан.
 
Против Бешир е издадена меѓународна потерница и налог за апсење, откако Кривичниот суд во 2009 година го обвини за геноцид, воени и злосторства против човештвото во граѓанската војна во Дарфур, на западот на Судан, каде од 2003 година настрадаа 330.000 луѓе