Ердоган: За Голанска Висорамнина треба да се разговара во ОН

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека Анкара ќе предложи за Голанска Висорамнина да се разговара во Обединети нации.
Ердоган изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на суверенитет на Израел на Голанска Висорамнина ја прокоменира како „подарок“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред изборите што се закажани на 9 април.
Ердоган во своето обраќање пред Организацијата за исламска соработка (ИОЦ) потенцира дека окупацијата на Голанска Висорамнина не смее да се легализира.
Израел ја освои Голанска Висорамнина од Сирија за време на шестдневната војна во 1967 година, а во 1981 година ја анектира областа. Во резолуцијата 497 на Советот на безбедност на Обединети нации, донесена по анексијата, Израел се означува како „окупаторска сила“, а обидите на Тел Авив „да ги наметне своите закони, јурисдикција и администрација на окупираната сириска Голанска Висорамнина е безначаен и без меѓународен правен ефект“.
Шестдневната војна позната и како Арапско-израелска војна се водеше помеѓу Израел од една страна и Египет, Јордан и Сирија од страна. На крајот од војната Израел под своја контрола ги стави Појасот Газа, Синајскиот Полуостров, Западен Брег и Голанска Висорамнина.
Силите на ОН го надгледуваат подрачјето долж линијата за прекин на огнот од 1974 година.
Ново на Сител
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
-

ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес
-

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
-

Иран го ограничи преминот низ Ормуската Теснина на 15 бродови дневно
-

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран
-

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
-

Европратеници бараат итна реакција на ЕК поради влошувањето на ситуацијата во Србија и колапсот на владеењето на правото
-

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците
