Ердоган во посета на Русија
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска отпатува за Русија, каде ќе учествува на состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија.
Одделот за комуникации при Канцеларијата на претседателот на Турција соопшти дека на денешниот состанок на Советот за соработка на високо ниво, со кој ќе претседаваат лидерите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, ќе учествуваат министри и други официјални лица од двете земји.
Како што јави агенцијата Анадолија, на состанокот ќе се разговара за билатералните односи меѓу Турција и Русија, како и за регионалните и глобалните теми. Се очекува на состанокот да бидат потпишани и повеќе билатерални договори.
Во рамките на состанокот на Советот за соработка на високо ниво, Ердоган и Путин ќе се состанат и со претставници од бизнис-секторот на двете земји.
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст