-->
-->
Ердоган: Турција сака да ги поправи односите со европските држави
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган сигнализираше дека сака да ги поправи постоечките „тензични врски“ со неколку европски држави и додаде дека Турција е „присилена да го намали бројот на непријатели и зголеми бројот на пријатели“.Тој го кажа тоа во коментар за „Хуриет“ во кој лидерите на Германија, Белгија и на Холандија ги оквалификува како „стари пријатели“ и неодамнешните контакти со нив како „многу добри“, истакнувајќи дека тие ги делат турските ставови за прашањето на Ерусалим.
Односите со други држави се тензични откако дел европски држави спречија министри од турската Влада да одржат политички митинзи пред референдумот во Турција. Потоа, Ердоган ги обвини европските официјални лица за „расизам, поддржување терористи и нацистичко однесување“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
