Балкан
24. August 2016 - 11:14

Ердоган: Турција почна со акции против ИД во северна Сирија

Турција почна со операции против Исламска држава и силите на партијата Демократски сојуз во северна Сирија, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Локалните медиуми, повикувајќи се на извори во армијата, јавија дека турски тенкови ја преминале границата и навлегле во Сирија.