Ердоган: Турција не смее да биде исклучена од операцијата за ослободување на Мосул

Турција не може да биде изоставена од операцијата за преземање на ирачкиот град Мосул од терористичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ердоган истакна дека Турција и понатаму е изложена на закани од регионот.
- Велат дека Турција не треба да влезе во Мосул. А зошто не? Ние имаме 350-километарска граница со Ирак. Други, кои немат ништо заедничко со овој регион, можат да влезат. Ние нема да бидеме одговорни за негативните последици кои можат да се појавят при операција во која не е вклучена Турција, истакна Ердоган.
- Ние ќе учествуваме и во операцијата, но и потоа на преговарачката маса. Не е можно да стоиме настрана, нагласи шефот на турската држава.
Тој исто така вети и натамошно континуирано присуство на турски војници во базата Башика, во близина на Мосул.
- Никој не треба да очекува дека ќе ја напуштиме Башика. Турција ќе води секакви операции против ИД, додаде Ердоган.
Ново на Сител
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
-

За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
-

Минчев на министерска конференција од Берлинскиот процес
