Свет
18. November 2023 - 19:42

Ердоган: Турција ќе ја обнови инфраструктурата во Газа откако ќе се постигне прекин на огнот

Турција ќе вложи напори за обнова на оштетената инфраструктура, болници и училишта во Појасот Газа кога ќе се постигне прекин на огнот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган, денеска на враќање од официјалната посета на Германија, во авионот на новинарите им кажа дека штом ќе се постигне прекин на огнот, Турција ќе направи се што е потребно за да ја поправи штетата во Газа предизвикана од нападите на Израел, пренесоа британските медиуми.

Тој повтори дека Турција смета дека мора да се изврши проверка на нуклеарното оружје на Израел пред, како што наведе, да биде предоцна.

Претходно неделава Ердоган го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да каже дали Израел има нуклеарно оружје. 

Ново на Сител