Ердоган: Турција ќе ги уништи сите терористички групи во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека Турција во најскоро време ќе ги уништи сите терористички групи во Сирија.
- Секако дека ќе ги уништиме. Можеби нема да успееме во тоа денес, но утре ќе го направиме тоа, Турција е единствената земја членка на НАТО која води директна борба против терористичката организација Исламска држава (ИД), нагласи турскиот претседател.
Ердоган, истакна дека поради тоа никој не може да и дели лекции на Турција како треба да се води таа борба.
- Дали знаете кон каде се упатени борците на ИД кои ја напуштија Рака? Кон Синајскиот Полуостров, наведе турскиот претседател, додавајќи дека тајните служби продолжуваат да ги следат побегнатите терористи.
Како што јави МИА, неодамна Би-Би-Си објави дека околу 4.000 лица, меѓу кои и лидери на ИД и стотици странски борци им било дозволени да ја напуштат Рака во рамките на договорот меѓу Силите за заштита на народот на сириските Курди и џихадистичката група.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
