Ердоган: Турција ќе ги преразгледа односите со Европа по референдумот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека заедно со претставници на Владата ќе ги разгледаат идните односи на земјата со Европа веднаш по референдумот за пошироки претседателски овластувања.
Тој за националната телевизија ТРТ истакна дека земјата кандидат за членство во ЕУ била принудена да чека неосновано.
- Турција не е нивно жртвено јагне. Сите ќе си знаат каде им е местото, нагласи Ердоган.
За време на кампањата пред одржувањето на референдумот, тој ги нарече некои европски лидери „фашисти“ и ги обвини дека се однесуваат како „нацисти“.
Турскиот министер за евроинтеграции Јомер Челик вчера, исто така, предложи по референдумот да се организира средба на високо ниво меѓу Турција и ЕУ, со цел да се разгледа иднината на меѓусебните односи.
Анкетите покажуваат дека на утрешниот референдум позитивно ќе се изјаснат околу 55 отсто од гласачите.
Ново на Сител
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот