Балкан
15. February 2017 - 12:26

Ердоган: Турција има потреба од поддршка на земјите од Персискиот залив за стабилноста на регионот

Турција има потреба од поддршка на земјите од Персискиот Залив и, пред се, од Саудиска Арабија за да ја осигура стабилноста на регионот, во интервју за телевизија „Ал Арабија“ изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесе ТАСС. 

- Кога ќе ја ослободиме Рака од Исламска држава ќе можеме регионот да го предадеме на неговите жители - нашите арапски браќа, изјави Ердоган. „За тоа ни е неопходна значајна поддршка на земјите од Персискиот Залив и, пред се, од Саудиска Арабија“, изјави тој.

На 24 август минатата година Турција, заедно со опозициската Слободна сириска армија, ја почна операцијата „Еуфратски штит“, која има за цел да ја исчисти територијата на северна Сирија од присуството на џихадистите на Исламска држава и другите терористички групи.