Ердоган повика на достоинствен излез на сите страни од конфликтот во Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа во ОН повика да се најде „достоинствен“ излез за сите страни од војната во Украина.
– Заедно мораме да најдеме разумно дипломатско решение кое на двете страни ќе им понуди достоинствен излез од кризата, рече Ердоган во обраќањето на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Турскиот претседател додаде дека треба да се интензивираат напорите за ставање крај на војната „врз основа на територијалниот интегритет и независноста на Украина“.
Ердоган додаде дека треба да победи фер мировен процес и потсети дека од почетокот на руската инвазија на Украина, Турција успеа да собере претставници на Русија и Украина на своја територија. Турскиот претседател, кој успеа да одржи врски и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, редовно се нуди да посредува во конфликтот, повторувајќи ја потребата да се најде договор што ќе ги задоволи двете страни, пренесе Бета.
Ново на Сител
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
