-->
-->
Ердоган: Неприфатливо е да ни забрануваат нуклеарно оружје
-->

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека е неприфатливо државите кои имаат нуклеарно оружје да и забранат на Турција да се снабди со такво вооружување.
Ердоган сепак не откри дали Турција планира да го направи тоа.
– Некои земји имаат ракети со нуклеарни боеви глави, не една или две. Но ни велат дека не можеме да ги имаме. Тоа не можам да го прифатам, рече Ердоган обраќајќи се пред членовите на неговата Партија за правда и развој во турскиот град Сивас.
Турскиот претседател нагласи дека не постои развиена земја на светот која нема нуклеарно оружје.
Турција во 1980 година го потпиша Договорот за неширење нуклеарно оружје, а во 1996 година Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
