Ердоган најави предвремени избори во Турција на 14 мај
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган.
Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во сабота, пренесе ДПА.
- Нека оваа одлука е од корист за нашата земја и нашиот народ, рече Ердоган во телевизиската изјава од претседателската палата во Анкара.
Изборите првично беа закажани за 18 јуни. Ердоган ги наведе аџилакот, училишните празници и приемните испити на универзитетите кои се совпаѓаа во средината на јуни, меѓу главните причини за поместување на гласањето.
Турските медиуми шпекулираа дека изборите можеби ќе се одложат поради разорниот земјотрес кој пред еден месец го погоди југоисточниот дел на земјата.
Во катастрофата загинаа повеќе од 46.000 луѓе и раселени се речиси четири милиони луѓе во 11 турски провинции.
Илјадници луѓе загинаа и во соседна Сирија.
Ново на Сител
-
Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра | ФОТО
-
Крадец баран со потерница бил предаден во Затвор Тетово
-
Турчин уапсен за криумчарење на осум мигранти од Сирија
-
Ги затекнале како користат хероин, уапсени 4 лица во Кочани
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ