Ердоган најави предвремени избори во Турција на 14 мај
Во Турција на 14 мај ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, соопшти вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Датумот на изборите ќе стане официјален кога врховната изборна власт во земјата ќе ја одобри одлуката на Ердоган.
Се очекува органот да го потврди датумот набргу по објавувањето на претседателскиот декрет во Службен весник во сабота, пренесе ДПА.
- Нека оваа одлука е од корист за нашата земја и нашиот народ, рече Ердоган во телевизиската изјава од претседателската палата во Анкара.
Изборите првично беа закажани за 18 јуни. Ердоган ги наведе аџилакот, училишните празници и приемните испити на универзитетите кои се совпаѓаа во средината на јуни, меѓу главните причини за поместување на гласањето.
Турските медиуми шпекулираа дека изборите можеби ќе се одложат поради разорниот земјотрес кој пред еден месец го погоди југоисточниот дел на земјата.
Во катастрофата загинаа повеќе од 46.000 луѓе и раселени се речиси четири милиони луѓе во 11 турски провинции.
Илјадници луѓе загинаа и во соседна Сирија.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите