-->
-->
Ердоган најави операција против Курдите во Сирија
-->
Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, во зоната под контрола на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Тој истакна дека за акцијата се веќе информирани САД и Русија.
–Влеговме во Африн, Јараблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе источно од Еуфрат. Тоа им го најавивме на Русија и САД – нагласи Ердоган.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година најави дека американските сили ќе се повлечат од северниот дел на Сирија, САД и Турција склучија договор за создавање безбедносни зони во Сурија долж североисточната граница на таа земја со Турција, и според тој договор е предвидено во таа област повеќе да нема припадници на Силите за заштита на народот.
Курдските Сили за заштита на народот беа главен сојузник на САД на територијата на Сирија во текот на американските операции против Исламска држава, а Турција ги смета за терористичка организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
