Ердоган ја одобри новата влада, предводена од Јилдирим
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одобри денеска составот на новата влада, формирана од неговиот сојузник Бинали Јилдирим.
Јилдирим, кој беше избран и за претседателот на владејачката Партија на правдата и развојот му ја предаде на Ердоган претходно листата со новиот состав на владата, јави турската државна телевизија ТРТ.
По одобрувањето на составот Јилдирим официјално ја презема премирската функција, а подоцна денеска тој прв пат во улога на премиер ќе говори пред пратениците од својата партија.
Ердоган ќе претседава утре со првата седница на новата влада, соопштија извори од неговиот кабинет неколку минути, откако беше објавен составот на новиот кабинет.
Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја задржува функцијата и во новиот состав.
Јомер Челик, портпарол на владејачката Партија на правдата и развојот станува министер за европски прашања, заменувајќи го на функцијата Волкан Бозкер, дипломат од кариера, кој преговараше за спогодбата меѓу Турција и ЕУ за решавање на мигрантската криза, потпишана на 18 март.
Нихат Зајбекчи се враќа на функцијата министер за економија, Наџи Агбал ја задржува челната позиција во Министерството за финансии, зетот на Ердоган Берат Албајрак останува министер за енергетика, Ефкан Ала за внатрешни работи, Мехмет Шимшек за вицепремиер одговорен за економија, а Нуретин Џаникли, Нуман Куртумлуш, Тугрул Туркеш стануваат вицепремиери.
На 22 мај Јилдирим беше избран за претседател на партијата и истиот ден Ердоган му даде мандат да ја состави 65. влада на Турција. Премиерот треба новиот состав да го достави до Парламентот и да ја објави својата програма. Потоа Меџлисот треба да гласа за доверба на владата.
Ново на Сител
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга