Ердоган: Изборите за нас се пресвртница, имаме уште четири години да ги исправиме грешките
Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај.
Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција.
АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од 61 милион гласачи во Турција го добија правото на глас.
Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро. – Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови.
Ќе работиме со градоначалниците кои победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси, истакна тој. Тој нагласи дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.
-Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата, рече Ердоган.
Ново на Сител
-
Облачно и студено со врнежи од дожд и снег
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург