Ердоган ги повика турските Курди да ги поддржат уставните измени
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа на митинг во градот Дијарбекир себе си се прогласи за „чувар на мирот“ и ги повика Курдите во Турција на референдумот на 16 април да ги поддржат уставните измени, со кои се зголемуваат надлежностите на шефот на државата.
- Подготвени сме да разговараме (за мир) и да се здружиме со секој кој има да каже нешто или има некаков предлог. Но, имаме само еден услов - тој да не држи оружје во рацете, порача Ердоган на собирот во Дијарбекир, каде мнозинството од жителите се Курди.
Ердоган не пропушти и да ја нападне курдската Демократска партија на народите (ХДП), која се противи на уставните измени, обвинувајќи ја дека е „продолжена рака“ на бунтовничката Курдската работничка партија (ПКК).
- Тие поддржувачи на ПКК постојано повторуваат „мир, мир, мир“. Но, дали празните зборови носат мир? Може ли да има мир со оние што држат оружје во рацете? Ние сме чивари на мирот, ние сме чувари на слободата, истакна Ердоган во обраќањето.
Тој побара од Курдите да ги поддржат уставните измени, бидејќи како што рече, на земјата и треба „силен претседател за да се избегнат досегашните кревки коалициски влади“.
Повикот на Ердиган доаѓа во време на најжестоки судири меѓу турските безбеднсни сили и курдските бунтовници во југоисточна Турција, по пропаѓањето на примирјето во 2015 година.
Аналитичарите проценуваат дека поддршката на Курдите би можела да биде клучна за усвојување на уставните измени на кои инсистира Ердоган.
Ново на Сител
-
Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
-
Голем број граѓани во Софија оддадоа почит за жртвите по трагедијата во Кочани
-
Возачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван
-
Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца
-
Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров
-
Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, два се затворени
-
Филип излегол меѓу првите но се вратил да бара другарка по што не се вратил, сведочи неговиот татко
-
Уапсени двајца 18-годишници кои синоќа палеа огномет во парк