Олеснети мерки за влез на Македонците во Бугарија, Косово и Норвешка
Се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Република Северна Македонија во Република Косово, Кралството Норвешка како и во Република Бугарија.
Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот. Со новата одлука која ќе стапи на сила почнувајќи од утре, нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против Ковид-19, или една доза но со ПЦР тест.
Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (https://reg.entrynorway.no/) како и задолжително приложување на негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влез во Норвершка, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19.
Олеснети мерки за влез и во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози на вакцина против Ковид- 19; сертификат за прележан Ковид- 19; негативен ПЦР; или негативен антиген тест.
Повеќе информации на следниот линк: https://mfa.gov.mk/mk/page/
Министерство за надворешни работи
Ново на Сител
-
Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани
-
Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат
-
Пад на заболени од грип во државава, но бројката сѐ уште висока
-
Измамен 27-годишник од Тетово, очекувал да се сретне со девојка но бил физички нападнат од две лица
-
Кривична против 47-годишник за обид за убиство во Ново Село
-
49-годишна жена пријавила дека била нападната со тврд предмет од нејзиниот сопруг
-
Црвен крст: Oбезбедни 34.836.205 денари за настраданите во пожарот во Кочани
-
Коцевски: Неприфатлива е политичката злоупотреба на трагедијата во Кочани