-->
-->
Ердоган: Егзекуциите во Саудиска Арабија се внатрешно прашање на земјата
-->
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека егзекуциите во Саудиска Арабија се внатрешно прашање на земјата.
Тој ова го изјави откако сунитското кралство во саботата меѓу другите го егзекутира и познатиот шиитски духовен водач Нимр ал Нимр, што предизвика бран протести во регионот.
Во обраќање пред претставници на локалната власт Ердоган истакна дека „оние, кои молчеа за смртта на голем број луѓе во граѓанската војна во Сирија, сега креваат врева заради егзекуцијата на еден човек од Саудиска Арабија“.
Изјавата на Ердоган е во спротивност со изјавата на владиниот портпарол Хуман Куртулмуш, кој во понеделникот изрази жалење поради егзекуцијата на шиитскиот верски лидер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор