Ердоган: Духот на ОН во Газа е мртов, Израел е закана за целото човештво
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека „духот на Обединетите нации во Газа е мртов“, истовремено повикувајќи го исламскиот свет да реагира по израелските напади врз камповите во Рафа, во кои се сместени раселените Палестинци.
-ОН не успеваат да го заштитат ниту сопствениот, ниту хуманитарниот персонал. А зошто уште чекате за да дејствувате. Духот на Обединетите нации во Газа е мртов, рече Ердоган пред претставниците на неговата партија.
Заедно со обвинувањата за слабоста на меѓународната институција, претседателот на мнозинската муслиманска држава со 85 милиони жители ги повика и своите колеги од исламскиот свет.
-Сакам да упатам неколку зборови до исламскиот свет: А што уште чекате за да донесете заедничка одлука? Господ ќе нè смета нас и вас за одговорни, рече тој, додавајќи дека „Израел не е само закана за Газа, туку и на целото човештво“.
„Ниту една земја не е безбедна додека Израел не го почитува меѓународното право и не разбере дека меѓународното право е обврска. Ова важи и за Турција“, додаде Ердоган.
-Израел и оние кои го поддржуваат се надеваат дека ќе го заборавиме овој геноцид, но овој геноцид нема да биде заборавен, предупреди турскиот претседател, посочувајќи дека „нема да се заборават убиствата на бебиња, деца, нападите насочени кон болници, цркви и џамии.
Ново на Сител
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк