-->
-->
Ердоган до Трамп: Ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот
-->
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во одговор до американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе бидат спасени уште повеќе животи кога ќе се победи тероризмот, јави агенцијата Анадолија.
– Господине претседателе, ќе бидат спасени повеќе животи кога ќе го победиме тероризмот, најголемиот непријател на човештвото. Сигурен сум дека нашите заеднички напори ќе придонесат кон мирот и стабилноста во нашиот регион- напиша Ердоган на Твитер, додавајќи дека напорите кои ги преземаат САД и Турција ќе придонесат за мирот во регионот.
Како што потсетува Анадолија, Трамп претходно на Твитер напиша: „Имаме убави вести од Турција, ќе бидат спасени милиони животи”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости