ЕПП ќе остане прва партија во Европарламентот, но со помалку мандати
Европскиот Парламент ја објави својата прва проекција за идниот парламентарен состав по мајските избори. Европската Народна Партија (ЕПП) останува прва, но со полоши резултати од претходно, јави дописничката на МИА од Брисел.
Демохристијаните од ЕПП и Социјалдемократите ќе останат двете први партии во идниот Европски парламент, предвидува Европарламентот. ЕПП се очекува да изгуби три процентни поени, а Социјалистите шест, со што ЕПП ќе претставува 26 отсто од идниот Парламент, а Социјалистите деветнаесет отсто.
Најголем раст на гласачи демохристијаните ги очекува во Грција, а најголем пад во Франција, Чешка и Италија. Што се однесува до Социјалдемократите, најзначаен пад ги очекува исто така во Франција и Италија, а во ниедна земја нема да напредуваат, предвидува ЕП.
Како што се очекува, најголем напредок треба да оствари екстремната десница, од над пет процентни поени. Меѓутоа, отсуството на политичка и партиска кохезија кај овие партии најверојатно нема да им овозможи значајно да ги сменат односите на сили во европскиот парламентарен дом, бидејќи овие партии се поделени на најмалку три различни политички групи во Европскиот парламент. Иако одамна постојат обиди пред и по секои европски избори за обединување на крајната десница, засега тоа никогаш не успеало.
Екстремната левица и Зелените, кои се во истата политичка група во ЕУ, ќе останат на исто ниво, иако се очекува мал пад од околу 0,5 процентни поени. Најголем раст треба да доживеат во Германија и Литванија.
Најголем прашалник постои околу Либералдемократската партија, на која треба да и се придружи партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, ЛРЕМ. Засега партијата на Макрон не е застапена во Европскиот парламент, и нејзиниот резултат на овие избори би можел да направи голема разлика во односот на сили, сметаат набљудувачите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам