Епископот Велички Гаврил Светогорец канонизиран за светител
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска во списокот на светиите го впиша епископот велички Гаврил Светогорец.
Одлуката на САС на МПЦ - ОА беше објавена на светата архиерејска литургија што се одржа во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип, а со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од Синодот.
Беше прочитано житието и беа изложени светите мошти на епископот велички Гаврил Светогорец кои во Соборниот храм „Св. Никола“ во Штип пристигнаа од манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Лесново.
Г.г. Стефан пред епископите, монасите, свештениците и верниците кои пристигнаа од сите краеви на земјава, рече дека покрај постојаната молитва и строгиот монашки подвиг отец Гаврил го краселе и неуморната посветеност, дарбата за предвидливост и грижата за духовноста на македонскиот род.
- Дел од нас беа сведоци, а до другиот дел допираат сведоштвата за чудата со кои Бог го прослави овој свој угодник и за време на животот, но и по упокојувањето како посветен во таа низа на знаци што Бог ни ги допушти како на црква за да ја препознаеме светоста на епископот Гарврил, рече г.г. Стефан.
На свечената архиерејска литургија присуствуваше премиерот Емил Димитриев, кој истакна дека ова е голем празник за православните верници и за Лесново, каде што Свети Гаврил епископ Велички Светогорец го поминува својот монашки живот, а неговиот гроб се наоѓа во Лесновскиот манастир.
- Свети Гаврил Светогорец е од македонски род и е во редот на светците кој ќе го празнува целиот православен свет, а исто така ова е и голем ден за Лесновскиот манастир, каде што ќе почива новиот светец на МПЦ. Нека е честито и благословено на сите граѓани на Република Македонија и на сите верници од православната црква и нека ова биде пример, дека човек со добри дела со добра мисла, со позитивни работи може да биде востоличен и на ниво како што Свети Гаврил Светогорец како светец, посочи Димитриев.
На чинот на канонизирање на Свети Гаврил епископ Велички Светогорец присуствуваше и амабасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, кој истакна дека ова е голем празник за православниот свет.
- Овде се собра толку многу народ, што ни говори дека во Македонија многу се почитува Гаврил Светогорец. Тој бил извонредна личност која служи за пример како се почитуваат христијанските православни вредости, рече Шчербак.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи, Валентина Божиновска потенцира дека епископот велички Гаврил Светогорец беше човек кој што беше урнек за тоа како треба да се однесува еден православен христијанин, како се крепи дихот на македонскиот народ, јазикот и идентитот.
- Отецот и светецот Гаврил е само пример како треба да продолжиме во вакви тешки и темни времиња. Сакам да кажам дека ова не и ништо случајно што се случува сега, во овој миг да го прогласуваме за светец Гаврил Светогорец, рече Божиновска.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека ова е голем ден и за градот Штип, бидејќи во православниот свет се вбројува во градовите кои што имаат светци. Во тек е и изградба на црквата посветена на „Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец“, а како што рече Захариев, се очекува да биде изградена за два месеца.
Ова е четвртто ред канонизирање во поновата историја на МПЦ, но за прв пат се прогласува за светец личност која доаѓа од Брегалничката епархија.
Отец Гаврил е роден како Мијалче Парнаџиев во 1926 година во Штип. Дипломира во 1955 година и работи како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Во 1963 година ја остава световната служба и заминува со сиот свој живот да му служи единствено на Бога, на Света Гора. Бил замонашен во манастирот Свети Павле со монашко име, отец Гаврил. Во Македонија се враќа 1971 година, а Лесново станува духовен отец на многумина во тоа време. На 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица во 1989 година е хиротонисан за епископ со титулата Велички. Делата и чудесата на отец Гаврил се опишани во неговото житие, кое денеска беше објавено и е достапно на пошироката јавност.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела
-
Тошковски: Во премногу рана фаза сме за да навлегуваме во детали за истрагата во Судскиот совет