Епидемиолошката состојба стабилна – одлука за отворање на градинките и план за наставата во училиштата
Епидемиолошката состојба во земјава е стабилна, оцени министерот за здравство Венко Филипче, соопштувајќи дека врз основа на извештаите од Институтот за јавно здравје се и протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести за настава со физичко присуство во основните и средните училишта. Владата нив ги усвои на седница минатата среда, кога ја донесе и одлуката за одложување на учебната година за еден месец, а вчера тие беа образложени од министрите за здравство и за образование и наука.
Владата вчера го усвои Планот на МОН за реализација на учебната 2020/2021 година заедно со протоколите за физичко присуство на учениците, како и Алгоритам за постапување во училиштата во случај да се појави ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19.
Донесена е и одлука градинките односно центрите за ран детски развој повторно да бидат отворени од 9 септември и во наредните седум дена да се подготват за работа т.е. за згрижување на децата од предучилишна возраст. Владата им препорача на општините кои се основачи на овие установи да обезбедат дополнителен простор или да адаптираат соодветен за згрижување деца согласно со донесениот протокол, а доколку имаат потреба да обезбедат и соодветен кадар за непречено функционирање додека трае епидемијата.
Во однос на наставата од 1 октомври, министрите Венко Филипче и Мила Царовска вчера посочија дека таа со физичко присуство ќе може да почне во основните и средните училишта со обезбедени услови и со добиени согласности. Барањата кои ќе ги поднесуваат општините односно основачите на училиштата ќе ги разгледува комисија што ја формираше Владата.
Во сите основни училишта настава со присуство во клупите ќе следат само децата од прво до трето одделение, но и за нив родителите имаат право на избор и треба да се изјаснат со писмена изјава. За останатите ученици во училишта кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе почне онлајн за што, како што рече Царовска, забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн-платформа за учење од далечина.
Комисијата за заразни болести, како што посочи Филипче, се раководела со максимална претпазливост за превенција од понатамошно ширење на вирусот, а при анализите била земено предвид предвидливоста за периодот што доаѓа.
-Земајќи го предвид искуството на другите земји, вклучително и есенскиот период во кој вообичаено се соочуваме и со други инфекции, сметаме дека наставата за децата со физичко присуство треба и мора да се одвива под строго утврдени протоколи, рече Филипче.
Протоколите за наставата со присуство усвоени минатата недела по препорака од Комисијата за заразни болести, која летово имаше повеќе консултативни состаноци со работна група на МОН, се речиси идентични за основните и за средните училишта и го регулираат престојот и процесот на наставата, влез/излез и движење во училиштето.
Меѓу другото, предвидуваат наставата да се одвива од 7 до 20 часот, задолжително носење заштитна маска, растојание од најмалку 1,5 метар во училница во која ќе има најмногу 20 ученици. Распоредите за влез/излез ќе бидат во различно време по одделенија за да се избегнат метежи по ходниците и на влезовите. Учениците ќе ги дезинфицираат рацете и обувките и ќе им биде мерена температура, а освен за учениците со посебни образовни потреби, влезот за родители/старатели во училишните објекти ќе биде забранет.
Здравствениот билтен за нови заразени во поминати 24 часа вчера повторно регистрираше трицифрен број кој во претходните два дена забележливо опадна и беше 39 во неделата и 11 во понеделникот. Новите 115 заразени со вирусот се дијагностицирани од 1665 тестирања, а 34 се во главниот град. Вчера беа евидентирани 368 оздравени и еден починат – 76-годишен пациент од Гостивар.
Од почетокот на епидемијата во земјава, пред нешто повеќе од половина година, КОВИД-19 досега е потврден кај 14 455 лица, а активни на болеста се 2326. Оздравеле 11 525, починале 604.
Ново на Сител
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница