Епидемиолошката ситуација во Италија е стабилна
Епидемиолошката состојба во Италија е стабилна, но може да биде пауза пред новиот побрз раст на ширење на Ковид-19, изјави претседателот на Високиот институт за здравство, Силвио Брусаферо, на редовна прес-конференција.
За еден ден починале 316 пациенти болни од Ковид-19, а со тестирањето на повеќе од 300.000 луѓе откриени се речиси 14.000 новозаразени.
– Се наоѓаме во многу деликатна фаза на пандемијата, неопходно е да се одржи високо ниво на анти-ковид мерки. Она што најмногу нè загрижува е брзото ширење на бразилската, англиската и јужноафриканската мутација на вирусот. Ако масовната вакцинација не се спроведе брзо, новите мутации коронавирусот може да ја намалат ефикасноста на имунизацијата, рече Џани Реза, директор на одделот за превенција при Министерството за здравство.
Во Италија, од пет заразени, еден е инфициран со британската мутација на коронавирусот.
Последната анти-ковид мерка на Владата во оставка е продолжување на забраната за движење меѓу регионите до 25 февруари.
Ново на Сител
-
150 килограми марихуана запленети на Богородица | ВИДЕО
-
Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди додека местел церада на „Сканија“
-
Сторија за најмладиот собирач на народни носии во Македонија
-
Доживотна казна затвор за убиецот на Емилија Пешева
-
Зијадин Села повторно впишан како претседател на партијата Алијанса на Албанците
-
Вчера казнети 864 возачи - 262 за брзо возење, 201 за погрешно паркирање, 67 возеле без возачка дозвола
-
Приведена 22-годишна жена во Тетово барана по централна потерница
-
Дамева и Чачарова Илиевска од Судскиот совет ги разгледуваат интерпелациите и ќе се изјаснат со свој став за нив