Ракомет
13. January 2020 - 10:30

ЕП ракомет 2020: Франција си оди дома по првата фаза

По некомплетното второ коло, денеска во Е групата се играат дуелите од оваа рунда познато е дека трикратниот европски шампион Франција нема да продолжи во следната фаза заедно со Босна и Херцеговина од групата Д бидејќи двете селекции се без бод по два натпревара. Уште еден натпревар денеска ќе имаат и ракометарите на Србија, најверојатно и Летонија и Полска кои се репрезентации без освоен бод.

Денеска на шампионатот се играат шест натпревари во три групи:

А група/ Црна Гора - Белорусија и Хрватска - Србија

Ц група/ Летонија - Германија и Холандија - Шпанија

Е група/ Исланд - Русија и Данска – Унгарија

Инаку, дуелот Исланд – Русија ќе го судат македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Ова за нив е прв натпревар на шампионатот.

Од Виена

Марјан Ников