Спорт плус
24. September 2017 - 11:24

ЕП одбојкарки: Фаворитките по пладнот

Фаворитките за највисок пласман на Европскиот првенство за одбојкарки, што се одржува во Баку, Азербејџан и Тбилиси, Грузија ги остварија вторите победи. 
 
Во рамките од А групата, Полска со 3-1 славеше над Унгарија, додека во Б групата до втората победа стигна и Италија која со 3-1 ја победи Белорусија. Во вториот меч од оваа група Хрватска во четири сета (3-1) славече над домаќинот Грузија. 
 
Со ист резултат 3-1 победа остварија и Русинките над Турција во меч од Ц групата во која се одигра најнеизвесниот натпревар Бугарија – Украина 3-2. 
 
Затоа пак, најубедлив триумф остварија Срнинките кои со максимални 3-0 ја победија Холандија во меч од Д групата во која Чешка ја совлада Белгија со 3-1.
 
Денеска продолжуваат натпреварите со дуелите од третото коло.