Македонија
31. October 2024 - 8:28

Во Скопје се оджува конференција „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан“

Во организација на Германската хуманитарна организација Arbeiter-Samariter-Bund (АСБ) и Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан – Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“.

Проектот е финансиран од Владата на Германија и имплементиран од АСБ и локалните власти и невладини организации од 11 општини во Западен Балкан.

На конференцијата најавено е обраќање на заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски,  заменик амбасадорот на Германската амбасада во Северна Македонија Јан-Аксел Фос, како и министри и советници на министри од Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

-Примарната цел на овој собир е да поттикне подобрен дијалог меѓу сите засегнати страни, нагласувајќи ја клучната важност на мерките за социјална заштита. Забележително е што за првпат претставници на прифатилишта за жртви на семејно насилство се дел од интегрирана мрежа за размена на искуства и експертиза, соопшти организаторот.