ЕП ќе гласа за замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ
Членовите на Европскиот парламент денеска ќе гласаат за можно замрзнување на преговорите со Турција за челнство во ЕУ, јави ДПА.
Иако гласањето ќе привлече големо медиумско внимание, тоа нема да биде конечната одлука по прашањето за преговорите на Турција за пристапување кон ЕУ.
Тоа е така бидејќи преговорите за членство ги води и за нив решава Европската комисија, а не Европарламентот.
Европратениците, кои се избираат од гласачите на ЕУ на секои пет години, можат да донесуваат закони на ЕУ заедно со другите држави членки, но тие немаат ингеренции по прашањата поврзани со надворешната политика.
Денешното гласање може да испрати силен политички сигнал, но нема да има право обврзувачко влијание врз одлуката на Комисијата во врска со преговорите за членство на Турција.
Согласно директивите на ЕК за преговорите, „сериозното и постојано нарушување“ на европските вредности, меѓу кои и непочитувањето на „основните слободи и владеењето на правото“ можат да станат причина за привремен прекин на преговорите.
Што е точно значи „сериозно“ и „постојано“ остава отворен простор за различни интерпретации, оценува ДПА.
Во случај на прекршување, се очекува ЕК да препорача замрзнување на преговорите и потоа да бидат наведени условите, со кои преговорите можат да бидат обновени.
Во таков случај, 28-те земји членки на Унијата тогаш ќе треба да гласаат по препорака на Комисијата.
За да биде прифатен предлогот, неопходно е одобрение од најмлаку 16 членки, во кои живеат најмалку 65 отсто од граѓаните на ЕУ.
Ново на Сител
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава