Македонија
26. October 2024 - 16:51

ЕП испрати писмо до Фон дер Лајен: Укинете го зимското сметање на времето

Од три часот по полноќ започнува зимското сметање, односно стрелките на часовникот во 3 часот ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот. 

Европскиот парламент во 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Според таа одлука земјите членки на ЕУ, но тие кои се придружуваат кон овие одлуки како Макеоднија и другите земји кандидати и европски држави, ќе треба сами да одличат кое време ќе го прифатат, а со тоа и во која временска зона ќе останат.

Спроти пропмената на времето, членови на Европскиот парламент испратија писмо до шефицата на ЕК, за да преземе активност за укинување на оваа промена. Во писмото на кое стојат потписи на над 60 пратеници од разнични држави, се бара Комисијата навремено да си го реши проблемот, а е потенцирано дека сегашниот систем е застарен. 

Укинувањето на промената на времето е во согласност со посветеноста на Европската Унија за намалување на непотребните оптоварувања на граѓаните и олеснување нивниот секојдневен живот.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.