Кошарка
6. August 2017 - 13:28

ЕП - Б дивизија: 16.то место за Македонија

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација со пораз го заврши настапот на Европското првенство Б дивизија што се игра во Талин, Естонија. Во натпреварот за 15.место Македонија денеска загуби од Романија со 74:61 (21:14; 13:18; 20:17 и 20:12).
Македонија со овој пораз го освои 16.место со биланс две победи и шест порази.
На денешниот дуел на полувреме Романија имаше само два поена предност 34:32, но во вториот дел избраниците на селекторот Ѓорѓи Кочов не успеаја да стигнат до посакуваната победа.
Најефикасни кај Македонија беа Павле Михајлоски со 16 и Лука Стојановски со 10 поени.