-->
-->
ЕП 21: Стартуваме од последниот шешир
-->

И додека со нетрпение го очекуваме составот на групите за ЕП до 21 година наредната година во Полска УЕФА ги одреди носителите на групите за шампионатот кој ќе се игра во 6 града.
Ждрепката закажана за 1. декември од 18 часот во конгресниот центар во Краков а нашата репрезентација е во друштво со Италија, со актуелниот шампион Шведска, Србија, Чешка и Словачка во последниот шешир.
Домаќинот Полска ќе биде носител и и ќе игра во А групата додека Германија и Португалија ќе бидат во следните две групи, Б и Ц, како носители на групите.
Во вториот шешир се Англија, Шпанија и Данска и една од тие селекции ќе ни биде противник во Полска. Од нашиот шешир каде се 6 селекции наизмечнично ќе се бираат селекциите за пополнување на трите групи со по 4 репрезентации.
За Македонија дебитира на европските првенства и е во друштво на најдобрите 12 селекции. Трофејот го брани Шведска, која во финалето на минатото ЕП на пенали ја победи Португалија.
Во почетната фаза на ЕП во Полска ќе има три групи со по 4 репрезентации, а победниците на групите и најдобрата второпласирана селекција ќе играат во полуфиналето.
Распоред за ждрепката:
Пот број 1
Полска во А група
Германија и Португалија во Б или Ц група
Пот број 2: Англија, Шпанија и Данска
Пот број 3: Италија, Шведска, МАКЕДОНИЈА, Србија, Чешка и Словачка
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
