-->
-->
ЕП 2016: Вечерва првото полуфинале Португалија-Велс
-->
Португалија и Велс, во среда од 21 часот, ќе го одиграат првото полуфинале на Европското првенство во Франција. На теренот во Лион ќе истрчаат, соиграчите од Реал, двајцата најскапи фудбалери во светот, Кристијано Роналдо и Герет Бејл.
Пласманот на Португалија во полуфиналето е вистински раритет, бидејќи тимот на Фернандо Сантош против ниту еден од противниците не успеа да победи во 90 минути. Од друга страна Велс е најпријатното изненадување на шампионатот, а во фудбалскиот свет особено одекна нивната победа во четвртфиналето над Белгија.
„Ова е важно за мене, за мојата земја, за сите нас, голем момент. Не не интересира против кого играме, важно е да имаме желба за победа“, рекол португалскиот селектор Сантош.
„Ние сме аутсајдери пред овој меч. Моите играчи ги знаат квалитетите на противникот...Сепак не треба да бидеме толку фини. Верувам во мојот тим, бидејќи кога ќе излезат на теренот кај нив нема никакво „фолирање“, туку кај нив има желба да се борат за нашата држава. Најважно ќе биде да го испочитуваме договореното. Мораме да ги почитуваме нашите квалитети, иако тоа не ни гарантира добар резултат“, рекол велшкиот селектор Крис Колман.
Кристијано Роналдо и Герет Бејл, најскапите светски фудбалери биле во центарот на вниманието, иако не присуствуваа на прес конференцијата пред мечот.
„Бејл и Роналдо на овој меч не играат за „Златната топка“, туку за пласман во финалето. Не се работи тука за Кристијано и Бејл. Сите играчи кои ќе настапат во полуфиналето имаат иста цел“, рекол Сантош.
Португалија е комплетна за полуфиналето, додека поради жолти картони во тимот на Велс ќе нема двајца влијателни играчи дефанзивецот Бен Дејвис и организаторот на играта Арон Рамзи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот