-->
-->
EП 2016: Селекторот на Русија најави оставка
-->

Леонид Слутцки најави дека ја напушта фудбалската селекција на Русија која разочара на Европското првенство во Франција. Русите во Б групата, во конкуренција на Велс, Англија и Словачка го освоија последното место со само еден освоен бод.
„Сакам да им се извинам на навивачите, особено за овој меч. Тие кои навиваа за нас не го заслужија ова. Јас сум виновен, кога тимот игра вака виновен е тренерот“, рекол Слутцки по поразот на Русија од Велс (0-3).
Тренерот на ЦСКА Москва репрезентацијата на Русија ја презеде на средина од квалификациите и од тим кој беше отпишан со четири победи избори пласман во Франција.
„По овој турнир е потребен друг човек кој ќе го подготви тимот за наредното големо натпреварување, кое е клучно за нашата земја. Јас се трудев онолку колку што можев, но тоа не беше доволно“, дополнил Слутцки.
На новинарско прашање, дали причина за лошата игра на Русија е преголемиот број на странски играчки кои настапуваат во домашната Премиерлига, Слуцки одговорил: „Јас го мислам спротивното“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
