Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
Луис Енрике го продолжи договорот со францускиот првак Пари Сен Жермен, а тоа ќе биде официјално соопштено вечерва пред дуелот против Монако во Лига 1, пренесе „Радио Монте Карло“.
Сè уште не е познато колку долго шпанскиот стручњак ќе го води францускиот гигант, но тој го водеше тимот низ тежок период и избори пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите по победите над Манчестер Сити и Штутгарт.
Нов договор со клубот ќе потпише и Нуно Мендеш. Двете страни имаа несогласувања околу платата на Португалецот, но неодамна ги усогласија ставовите. Тој ќе остане во ПСЖ до 2029 година. Мендеш ќе биде еден од десетте најплатени играчи на тимот, со тоа што дел од неговата плата ќе биде фиксна, а другиот во зависност од бројот на натпревари што ќе ги одигра.
Се очекува Ахраф Хакими и Витиња, исто така, да потпишат нови договори, а тинејџерот Ибрахим Мбаје да го потпише својот прв професионален договор со клубот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи