Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
Луис Енрике го продолжи договорот со францускиот првак Пари Сен Жермен, а тоа ќе биде официјално соопштено вечерва пред дуелот против Монако во Лига 1, пренесе „Радио Монте Карло“.
Сè уште не е познато колку долго шпанскиот стручњак ќе го води францускиот гигант, но тој го водеше тимот низ тежок период и избори пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите по победите над Манчестер Сити и Штутгарт.
Нов договор со клубот ќе потпише и Нуно Мендеш. Двете страни имаа несогласувања околу платата на Португалецот, но неодамна ги усогласија ставовите. Тој ќе остане во ПСЖ до 2029 година. Мендеш ќе биде еден од десетте најплатени играчи на тимот, со тоа што дел од неговата плата ќе биде фиксна, а другиот во зависност од бројот на натпревари што ќе ги одигра.
Се очекува Ахраф Хакими и Витиња, исто така, да потпишат нови договори, а тинејџерот Ибрахим Мбаје да го потпише својот прв професионален договор со клубот.
Ново на Сител
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
-
Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег
-
Сообраќајот по влажни коловози, снег во Маврово, Попова Шапка, Крушево
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082