„Ендомак“ отвора комплекс стоматолошки поликлиники во Гевгелија
Нов комплекс стоматолошки поликлиники ќе отвори вечерва во Гевгелија компанијата „Ендомак“, која е лидер во естетската стоматологија во Македонија.
На пуштањето во употреба на комплексот ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа, од политиката, од бизнис заедницата, јавни личности, луѓе од областа на естрадата, соработници и други гости, а објектот ќе го освети поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот охридски македонски г.г. Стефан.
- Новиот комплекс стоматолошки поликлиники претставува круна во децениското присуство на „Ендомак“ во македонското здравство, изјави д-р Коте Тасевски, сопственик на оваа приватна здравствена установа.
Поликлиниките ќе овозможуваат комплетна стоматолошка заштита од превентивни постапки за спречување на болести на забите и устата, лекување на сите заболувања на забите и меките ткива, козметички и естетски процедури за дизајнирање на насмевката.....
Комплексот располага со специјалистички ординации по орална хирургија и инплантологија, ортодонција и забна протетика кои ќе бидат опремени со софистицирана опрема според највисоки светски стандарди. Она што го издвојува комплексот е и 3Д дигиталниот томограф кој е единствен во државата и пошироко. Составен дел на комплексот ќе бидат и рендген кабинетите, заботехничката лабораторија, едукативениот центар со фото студио за стоматолошки цели, како и снег бар.
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ