-->
-->
Енди Мареј во финалето на завршниот Мастер во Лондон
-->
Британецот, Енди Мареј обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир од АТП Мартерс серијата која се одржува во „О2“ арената во Лондон.
Во првиот полуфинален меч одигран попладнево кој траеше 3 часа и 38 минути, светскиот рекет број 1, во три сета со 2-1 беше подобар од Канаѓанецот, Милош Раониќ.
Иако канадскиот тенисер го доби првиот сет со 7-5, а во вториот беше блиску и до конечен триумф, сепак миленикот на британската публика, успеа да се врати во игра добивајќи во го тај-брејкот со 7-5 на поени.
Во решавачкиот трет сет, се водеше голема борба се секој поен, по и тој како и претходниот се решаваше во тај-брејкот. А, во него. Мареј имаше повеќе нерви, но и многу среќа за на крајот да го добие со 11-9 на поени и да обезбеди пласман во финалето.
Кој ќе биде негов противник во финалето ќе се знае вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален меч во кој Новак Ѓоковиќ за противник ќе го има Кеи Нишикори од Јапонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
4 пациенти заминаа за Атина
-
Продолжува истрагата за пожарот
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје