Ендемската преспанска пастрмка ќе биде заштитена од БФСД
Балканската фондација за одржлив развој (БФСД) доби грант за поддршка на активностите за заштита на ендемската преспанска пастрмка, која се наоѓа на листата на загрозени животински видови.
Главното живеалиште на оваа риба е Брајчинска Река, која поминува низ националниот парк Пелистер, но помали популации можат да се најдат и во Кранска Река и Лева, кои не се во составот на паркот.
Грантот ќе ѝ овозможи на БФСД, во соработка со невладината организација „Еко-свест“, да осмисли и спроведе акциски план за заштита на преспанската пастрмка. Освен популацијата на преспанската пастрмка во Македонија, со планот ќе се опфати и заштитата на овој вид во реката Агиос Германос во грчкиот дел на Преспа.
Со планот ќе се направи проценка за распространетоста, бројноста и статусот на преспанската пастрмка во трите реки, за да се ажурираат податоците од истражувањето направено пред изградбата на трите хидроцентрали на Брајчинска Река и Кранска Река во 2013 и 2014 година.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства