Ена е тешко болна и празниците ќе ги помине во болница: Таа е најхрабрата девојка на Балканот и има многу важна порака за сите!
Ена Шарац (22), е храбра девојка од Осиек која веќе 15 години се бори со тумор на мозокот, неодамна и е откриен и тумор на половината, сега дознала за нова дијагноза има леукемија. Неколку дена по новата тешка дијагноза, Ена се огласила на Фејсбук.
- Оооо па каде сте мои луѓе. Малку ми ја надополнија крвта па можам и мобилен да држам во раце. Гледам дека сте загрижени за мојата дијагноза, но ме знаете мене, морам да држам се во приправност.
- Без грижи, одам понатаму на својот добро изгазен пат. Секој Божиќ како во филмот "Сам дома", а кај мене никако да биде на програма ништо освен Божиќ во болница 98765457854. дел. Бакнеж до сите и огромно фала - напишала Ена.
Потсетуваме, Ена до сега минала низ 5 хируршки отварања на главата, три сепси, година ипол била во инвалидска количка, добила дијабетес, ја оперирала ногата, но и понатаму секојдневно се радува и пишува на пријателите на Фејсбук и ги борди во нивните многу помали проблеми.
Сепак во последниот месец здравјето на Ена многу се влошило па завршила во болница во Загреб на интензивна нега. Во крвта и недостасувале тромбоцити и мајката вели дека доколку задоцнила неколку часа со доаѓањето во болница, веројатно би ја изгубиле бидејќи би искрварила. Телото и било полно со огромни плави хематоми, примала крв и инфузија.
Ново на Сител
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата
-
Преглед на вестите од светот